Add parallel Print Page Options

Распознавање на лажните учители

Светиот Дух јасно ни кажува дека во подоцнежните[a] времиња некои луѓе ќе отстапат од вистинската вера. Тие ќе бидат измамени од лажливи духови и ќе се поведат по демонски учења. Нивните учители се лицемери, лажливци чија совест е докрај затапена[b].

Ќе проповедаат дека не треба да се стапува во брак, ќе забрануваат да се јадат одредени видови храна. Храната е од Бог создадена и христијаните, оние што целосно ја знаат вистината, можат со благодарност да ја јадат. Се што е создадено од Бог е добро. Ако се јаде со благодарност, ништо не е забрането. Божјиот збор и молитвата го прават чисто и свето.

Примерни христијански водачи

Ако вака ги поучуваш другите христијани, добро ќе ја извршуваш службата што ти е доверена од Исус Христос. Со тоа ќе покажеш дека и самиот се храниш од пораката на верата и здравото учење што го следиш. Држи се настрана од непристојни и бабини прикаски! Вежбај се да бидеш вистински побожен. Од телесните вежби има одредена полза, но побожноста е многу покорисна. Таа ветува награда и за сегашниот и за идниот живот.

Оваа порака е веродостојна и заслужува целосна доверба. 10 Напорно работиме и се бориме[c], бидејќи се надеваме на Живиот Бог, Кој е Спасител за сите луѓе, а особено за оние што веруваат.

11 На тоа треба да ги упатуваш и поучуваш луѓето. 12 Не дозволувај никој да те потценува поради тоа што си млад. Со тоа што ќе го зборуваш, со твоето поведение, со твојата љубов, вера и чистота, биди им пример на сите христијани. 13 Додека да дојдам кај вас, посвети се на читање на Светото Писмо во црквата, на проповедање и поучување.

14 Не запоставувај го духовниот дар што ти беше даден преку пророштво, со полагање раце од страна на советот на старешините[d]. 15 Извршувај ги овие должности, посвети им се целосно, нека се гледа дека напредуваш. 16 Внимавај како живееш и како поучуваш! Истрај во праведната работа, за да се спасиш и себеси, и оние што те слушаат.

Примерен однос спрема луѓето во црквата

Footnotes

  1. 1 Тимотеј 4:1 Буквално: во последните времиња.
  2. 1 Тимотеј 4:2 Буквално: овената, исушена.
  3. 1 Тимотеј 4:10 Во некои ракописи: страдаме.
  4. 1 Тимотеј 4:14 На грчки: презвитери.